InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со слушање реклами на стриминг-сервисот „Спотифај“, ирскиот сајдер Magners собира донации за поддршка на пчелите во Велика Британија.
Брендовите стануваат сè посвесни за улогата што биодиверзитетот ја има во нивните синџири на снабдување и за важноста да им ја пренесат таа порака на крајните потрошувачи.
Свесен за нераскинливата врска меѓу пчелите и основниот ресурс на своето производство – јаболката, брендот Magners ја подигнува свеста за потребата да се поддржат пчелните живеалишта во Ирска и Велика Британија преку кампањата Gardens. Best Served With Magners.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата за дигитален маркетинг „Гуд-луп“, која е препознатлива по рекламите за брендови, кои истовремено се и донаторски акции, преку уникатниот принцип – „слушај или гледај за да донираш“. Секојпат кога некој ќе ја преслуша новата аудиореклама на Magners на стриминг-платформата „Спотифај“, ќе слушне и порака дека се генерирани средства за добротворната организација „The Bee Friendly Trust“. Организацијата работи на заштита на живеалиштата на пчелите и другите опрашувачи во Обединетото Кралство.
Кампањата ќе трае до 31 август, а од компанијата очекуваат да соберат околу 22.000 фунти (повеќе од 25.500 евра).
Бројот на пчели низ целиот свет е во сериозен пад поради зголемената употреба на пестициди, интензивното земјоделство и влијанието на климатските промени. Според Меѓународниот сојуз за заштита на природата, дури на 24% од европските видови бумбари им се заканува истребување.