
„Колс“ на австралискиот пазар претстави низа смрзнати производи инспирирани од две од најгледаните серии на „Нетфликс“ – „Stranger Things“ (Почудни нешта) и „Squid Game“ (Игра на лигни)...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Колс“ на австралискиот пазар претстави низа смрзнати производи инспирирани од две од најгледаните серии на „Нетфликс“ – „Stranger Things“ (Почудни нешта) и „Squid Game“ (Игра на лигни).
Новиот асортиман на производи на „Колс“ вклучува смрзнати пици, инспирирани од пицеријата од серијата „Stranger Things“, како и плескавици за скара, зачинети грицки и сладолед Stranger Things, кој е достапен во три варијанти (Butterscotch, Cinnamon Buns и Vanilla & Cookie Pieces).
Трговецот на мало лансира и девет различни пакувања пилешки медалјони во форма на триаголници, кругови и квадрати, инспирирани од заштитните знаци на серијата „Squid Game“, како и пире од компири со црвен и зелен фил, кое асоцира на играта „Црвено светло, зелено светло“ од истата серија.
Тим Лејн, менаџер на категоријата смрзнати производи во „Колс“, вели дека компанијата е воодушевена од партнерството со стриминг-сервисот, од кое произлезе претставувањето на новите производи инспирирани од популарните франшизи.
Посветено соработуваме со доставувачите за да ја прошириме и диверзифицираме понудата на производи. Овој иновативен асортиман црпи инспирација од концептите и брендовите што нашите потрошувачи ги сакаат во овие серии, истакна Лејн.