InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл“ ја лансира новата глобална кампања во пресрет на Божиќ, а воедно и првата реклама која е резултат на соработката на компанијата од шест земји.
Рекламата започнува со ракун кој низ прозорец љубопитно гледа една фамилија додека ја украсуваат новогодишната елка. Нивното куче случајно ќе го скрши божиќниот украс на детето, а мајката сакајќи да го развесели својот син, оди да купи кадифена играчка-мајмун во „Лидл“, но ќе и испадне на патот до дома. Кога ќе ја види изгубената играчка, ракунот стапува во акција, го поминува цел град на разни начини, качувајќи се на патокази, преминувајќи преку река..за да стигне до фамилијата и да ја остави играчката под елката.
Рекламата ќе се прикажува на меѓународните пазари на „Лидл“, за да ги потсети гледачите, колку многу влијаат малите дела на љубезност за време на празничната сезона. Во рамките на кампањата, од „Лидл“ ќе се покренат различни акции, како што се наградни игри и собирања на донации преку купување на кадифениот ракун во продавниците на „Лидл“.
Извор: Little black book
Фото: Lidl