
Во рамките на кампањата „ Must be a Jameson“, компанијата лансира две реклами, во кои наратор е ирскиот актер Килиан Марфи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Перно Рикар“ ја лансира новата кампања за нивниот бренд Jameson Irish Whiskey.
Во рамките на кампањата „ Must be a Jameson“, компанијата лансира две реклами, во кои наратор е ирскиот актер Килиан Марфи.
Во првата реклама, еден маж непријатните случки ги претвора во авантура која на крајот завршува така што тој ужива во коктел направен со Jameson, додека во втората реклама која ќе биде лансирата , главен лик ќе биде една жена која ќе се најде во слични ситуации.
Спотовите зад кои стои режисерот кој бил номиниран за Оскар, Брајан Бакли, го слават пријатниот вкус на вискито и широкиот број обожаватели на Jameson, соопштуваат од компанијата.
Jameson е сериозно виски кое самото себе не се сфаќа премногу сериозно, а оваа нова кампања е наш пристап кон поврзување на луѓето преку нивниот заеднички поглед на животот. Дали некогаш сте седеле во бар, гледате во странец и се прашувате дали со него сте биле пријатели во некој друг живот? Следниот пат кога ќе одите во бар, поздравете со со нив. На крајот на краиштата и тие би можеле да бидат Jameson, изјави Јохан Радојевски, потпретседатели за маркетинг за Jameson Irish Whiskey.
Кампањата која воедно е и прва глобална кампања која Jameson ја работи со агенцијата „Огливи“, првобитно е лансирана на пазарот во САД, додека на другите пазари ќе биде лансирана во 2024 година.
Фото: Jameson