InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производителот на алкохолни пијалаци „Дијаџио“ започна глобална кампања под името „Магијата на умереното пиење“, со цел да ги поттикне потрошувачите на одговорно конзумирање на алкохол за време на празниците.
Во рамките на оваа кампања, компанијата на својот веб сајт лансира дел за одговорно конзумирање на алкохол, покрај кој ќе може да соработува со платформите како што е „DrinkIQ“, каде потрошувачите ќе можат да се едуцираат за оваа тема.
Кампањата има за цел да им укаже на купувачите да уживаат повеќе во секоја пригода со паметна, а не многу голема конзумација на алкохол, соопштуваат од компанијата.
Некои од начините за умерено конзумирање од компанијата го наведуваат правењето пауза помеѓу пијалаците, конзумирање на храна и вода во текот на паузата, како и преминување на безалкохолни пијалоци.
Кампањата е креирана во соработка со агенцијата „Мармалејд филм медиа“, а глобалната кампања ќе уклучува низа активности и текот на 2024 година.
Извор: esmmagazine.com
Фото: „Дијаџио“