
Кампањата е креирана во соработка со режисерот Роберт Лаур и агенцијата „Обсидианворкс“ и во нека ќе бидат вклучени реклами во траење од 30 до 60 секунди.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фрито леј“ ја најави новата кампања под името „Мојата радост“, во чии рамки компанијата ќе споделува радосни прикани на пет креатори во подем од областа на модата, музиката, уметноста, храната и спортот.
Кампањата е креирана во соработка со режисерот Роберт Лаур и агенцијата „Обсидианворкс“ и во нека ќе бидат вклучени реклами во траење од 30 до 60 секунди. Рекламите ќе се емитуваат на телевизија и на дигиталните платформи како и преку социјалните мрежи.
„Мојата радост“ најновиот обид на компанијата да ги истакне креаторите од различни области, откако податоците на „Нумераторот“ покажаа дека поголемиот број од потрошувачите позитивно гледаат на диверзитетот во кампањата, додека некои од групите на потрошувачи дури и инсистираат на ова, како што е генерацијата „Z“, соопштуваат од компанијата.
Во рамките на кампањата ќе бидат претставени: модната компанија „Колор ми Кортни“, филипинско – американскиот д-џеј Лекс, кинеско – тајландско – доминикански фјужн ресторан, „Форсит Фајар ескејп“, кошаркарката Брајана Грин и колумбиската тату артистка, Мишел Сантана.
Во спотовите ќе се појават и брендовите на компанијата како што се Cheetos, Doritos, Ruffles и Funyuns.
Извор: Marketing Dive