
Оваа кампања доаѓа откако минатата година компанијата во пресрет на 125 годишнината го претстави новиот визуелен идентитет во кој е вклучено и новото пакување за Pepsi Wild Cherry.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Pepsi ја лансира првата кампања под името Get wild“, за новиот сок со вкус на дива цреша.
Од компанијата соопштуваат дека кампањата е фокусирана на миленијалците кои се соочуваат со „потешкотите на возраста“, како што се плаќањето на сметки и воспитувањето на деца.
Животот на миленијалците сега изгледа поинаку отколку пред 10 или 20 години, кога тие и натаму знаеја да се забавуваат, изјавила Џени Данзи, виша директорка во „Пепси“, која и самата е миленијалец.
Во еден од спотовите на кампањата мајката за да го заспие своето дете му пушта хит песна од 2000 година, а во друг спот еден маж и понатаму навива си песната „Eye of a tiger“, за истиот тим за кој навивал додека бил млад.
За да ја промовира кампањата, од Pepsi се здружиле со некои од брендовите кои се популарни меѓу миленијалците.
Оваа кампања доаѓа откако минатата година компанијата во пресрет на 125 годишнината го претстави новиот визуелен идентитет во кој е вклучено и новото пакување за Pepsi Wild Cherry.
Извор: Marketing Dive
Фото: „Пепси“