
„Македонско најдобро“ не е само економска мерка, туку и општествена филозофија: да произведуваме повеќе, да увезуваме помалку, да ја чуваме природата и да изградиме генерации што веруваат во вредноста на македонскиот труд.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Не треба да е само маркетиншка иницијатива, туку долгорочна развојна политика насочена кон зајакнување на националната економија преку зголемување на домашното производство и намалување на увозната зависност.
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и генерален извршен директор на „ГС1 Македонија“
Кампањата „Македонско најдобро“, чија цел е да ја подигне свеста на македонскиот потрошувач дека со купување земјоделски производи и преработки, всушност, сите ние му помагаме не само на оној што директно произведува, и на преработувачите што учествуваат во секторот, туку најмногу ја помагаме домашната економија, чии позитивни ефекти се враќаат како финансиски прилив во државната каса. Во таа насока, слоганот „Македонско најдобро“ треба да ја отслика визијата на земја што верува во сопствениот потенцијал и создава одржлива економија со локална основа и европски стандарди.
За да биде успешна, кампањата која претставува стратешки чекор на Владата за поддршка на домашното земјоделство, агроиндустријата и локалните производители, не треба да е само маркетиншка иницијатива, туку долгорочна развојна политика насочена кон зајакнување на националната економија преку зголемување на домашното производство и намалување на увозната зависност.
Преку поттикнување на потрошувачите да избираат домашни производи, кампањата има цел да создава свест дека секој купен македонски производ е мала, но суштинска инвестиција во националниот развој. Тоа е економски патриотизам во практика – чин на поддршка на нашите производители, на локалните економии и на заедниците што живеат од земјата и нејзините плодови. Тоа е повик за создавање затворен производствен круг, од нива до трпеза, каде што додадената вредност останува во земјата.
Кампањата има директен ефект врз сите вклучени страни:
За земјоделците, оваа иницијатива значи поголема предвидливост, сигурност во пласманот и мотив за вложување во квалитет и модерни технологии. Наместо да зависат од увозни цени и посредници, тие добиваат поддршка да создаваат конкурентни, квалитетни производи што ги задоволуваат домашните стандарди и вкус. Преку ова се гради основа за долгорочна одржливост, особено во време кога глобалните пазари се нестабилни и логистиката често е прекинувана.
За преработувачката индустрија, „Македонско најдобро“ претставува стимул за зголемување на капацитетите и диверзификација на асортиманот. Со користење локални суровини, компаниите не само што ја намалуваат зависноста од увоз, туку и создаваат поголема вредност за домашниот пазар. Дополнително, се отвора простор за иновации, за воведување нови производи и за зголемување на конкурентноста на регионално ниво. Поинаку кажано, се отвора можност за диверзификација и зголемување на домашниот асортиман. Со користење домашни суровини не само што се намалува зависноста од увоз, туку и се скратуваат транспортните патишта и трошоци. Помал увоз значи и помал транспорт, а со тоа и помалку емисија на штетни гасови. На тој начин Македонија, иако мала земја, дава свој конкретен придонес во намалувањето на глобалниот јаглероден отпечаток и заштитата на животната средина.
Кампањата носи и пошироко општествено значење. Таа гради економски патриотизам, но без исклучивост. Повикува на солидарност и свесен избор што ја зајакнува економската самостојност.
Паралелно, оваа стратегија ја поттикнува и социјалната одржливост. Со создавање стабилни услови за работа и достоинствени приходи, земјоделството станува поатрактивно за младите генерации. Кампањата испраќа порака дека земјоделието не е минато, туку иднина со потенцијал за иновации, дигитализација и нови зелени технологии. Ако сакаме младите да останат во земјата и да создаваат тука, мора да им покажеме дека и домашната почва може да понуди иднина.