
Од први јуни 2017 година, Македонија доби нова влада. Кои се очекувањата на економскиот сектор и на бизнисот, кои се првите неопходни чекори што треба да ги преземе новата влада ...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од први јуни 2017 година, Македонија доби нова влада. Кои се очекувањата на економскиот сектор и на бизнисот, кои се првите неопходни чекори што треба да ги преземе новата влада и дали на економијата и на FMCG-секторот во Македонија им претстојат добри денови – беа главните прашања на кои побаравме одговори.
Данче Драгинова, danche@instore.mk
| Став од секторот |
Виктор Петков, генерален менаџер и сопственик на „Випро"
По секое конституирање на нова влада, очекуваме „нов ветер" и понатамошно подобрување и усовршување на констатираните недостатоци од претходниот период.
За жал, и покрај добрите намери од осамостојувањето до денес, освен парцијални поголеми или помали подобрувања, ниедна влада досега не успеала да ги реализира базичните барања за современа економија, односно за функционална економија. За остварување на тоа, повторно очекуваме остварување на истите предизвици што ги имаше и ги има секоја нова влада, а тоа, според мене, се: вистински слободен пазар, фер конкуренција, отворање на македонската економија кон поширокото економско опкружување и квалитетно користење на сите потребни економски ресурси на државата.
Функционалната економија подразбира фокусирање на економските субјекти, не на титуларите; фокусирање на рационалноста, не на сопственоста.
FMCG-секторот директно е зависен, а истовремено и влијае на севкупниот економски развој на државата и на стандардот на потрошувачите.
Меѓу другото, очекувам:
Сметам дека голата продуктивност на што поголемо производство, со што поголеми броеви и дискутабилно трошење не значи автоматски и креативност и зголемена економска моќ и одржливост на државата. Последиците од таа ограничена доктрина може да бидат катастрофални за позитивната регенерација на нашиот севкупен човечки потенцијал и капацитет.
Следејќи ги претходните постулати, првите неопходни чекори што треба да ги направи новата влада, би биле:
FMCG-секторот е тесно поврзан со претходните премиси и заложби. Тој директно е зависен, а истовремено и влијае на севкупниот економски развој на државата и на стандардот на потрошувачите.
Притоа, најважни се слободниот пазар, слободната конкуренција и позитивната селекција на сите економски ресурси, кои ќе овозможат квалитетно задоволување на потребите на потрошувачите, и по место, и по време, и по квалитет.
Со остварување на целите на економската политика, секако дека FMCG-секторот ќе се зголеми по обем и по квалитет, а со тоа ќе се подобри и севкупната економија и квалитетот на општественото живеење. FMCG-секторот е огромен двигател за вистински одржлив развој на целокупното стопанство на секоја држава, па и на земјава. Сето тоа неминовно ќе резултира со претстојни подобри денови за Македонија.
| Аналитички став |
Миле Бошков, извршен претседател на Бизнис-конфедерација на Македонија
Сите сосотојби се резултат на процеси, и тоа на системско поврзани процеси, во кои сите сме вклучени и одговорни. Во Бизнис-конфедерација на Македонија, сите сме убедени дека не треба да очекуваме нови резултати и правила, туку треба да ги креираме (секако во рамките на институционалниот социо-економски дијалог), односно очекувањата да ги изнесеме како предлози:
Во соработка со Меѓународната организација на трудот, Бизнис-конфедерацијата подготвинасоки за првите чекори што треба да ги направи новата влада, односно приоритетни предлог-политики:
Сепак, за квалитетна реализација и за спроведување суштински реформи, потребен е период подолг од една година.
Очекуваме политики кои ќе дејствуваат во две насоки – унапредување на реалното опкружување за водење бизнис и поттикнување на претприемачка култура преку образовниот систем.
На економијата во Македонија (или поконкретно на FMCG-секторот), категорично тврдам дека ѝ претстојат добри денови, за што постојат конкретни причини. Политичката неизвесност го спречуваше целокупното општество да размислува позитивно и сигурно, спречуваше да се размислува за инвестиции и да не се стравува за тоа, да се троши за подобрување на личното здравје, исхрана и знаење, да се троши за подобрување на стандардот и на стилот на живеење... Надминувањето на таа неизвесност ќе се одрази позитивно врз широката потрошувачка. Најавите за подобри услови за бизнисот треба да бидат сигнал за инвестирање и за размислување за подобрување на квалитетот и на безбедноста на производите и на услугите за широка потрошувачка. Имајќи го предвид отворениот пристап до квалитетот на производите и до услугите од глобалниот пазар, македонските компании ќе треба да го следат трендот на квалитетна и безбедна понуда на производите за широка потрошувачка.