
Продажната мрежа на „Киппер“ е побогата за уште еден нов маркет, отворен на 19 октомври во Кичево...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продажната мрежа на „Киппер“ е побогата за уште еден нов маркет, отворен на 19 октомври во Кичево.
Новиот маркет, кој е 56. објект во малопродажната мрежа на „Киппер“, се наоѓа на улицата Маршал Тито бб. Вкупната површина е 245 квадратни метри, од кои 200 квадрати се продажен простор, а преостанатите се користат како магацински простор.
Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат 1.800 производи.