
Во средата беше отворен нов маркет „Рептил“, кој е 17. продажен објект во трговската мрежа на компанијата...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 4 ноември беше отворен нов маркет „Рептил“, кој е 17. продажен објект во трговската мрежа на компанијата.
Новиот „Рептил“ е лоциран на улицата Козле, бр. 93, во истоимената скопска населба. Се простира на вкупна површина од 150 квадратни метри, од кои околу 20 квадратни метри се магацински простор.
Во маркетот има неколку оддели – за свежо овошје и зеленчук, деликатеси и за печење леб и бели печива, како и широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи. Има две наплатни каси, а за услугата се грижат 12 вработени.
Планот за оваа година е остварен – реално, отворивме два маркета: овој и маркетот во Центар, како и еден „Рептил Special“. До крајот на годината ќе се фокусираме на продажбата и на равојот на новите и на постојните маркети. Можеби ќе следат мали корекции на одредени маркети, за да го дополниме и разубавиме просторот во кој пазаруваат нашите купувачи, со што ќе им овозможиме целосно задоволство, истакнува Јованка Трајкова, комерцијален директор на „Рептил“.