.webp&w=1920&q=100)
Вчера беше отворен новиот објект „Ер Гроз“, кој е вториот по ред маркет на оваа трговска компанија...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вчера (22 декември) беше отворен новиот објект „Ер Гроз“, кој е вториот по ред маркет на оваа трговска компанија.
Новиот „Ер Гроз“ се наоѓа во скопската општина Сарај, на улицата 20, бр. 69. Се простира на продажен простор од 650 квадратни метри и има дополнителен магацински простор од 450 квадрати. Бројот на наплатни каси е 3, а за услугата се грижи персонал од вкупно 15 вработени.
Маркетот располага со околу 12.350 прехранбени и непрехранбени артикли.
.jpg)
Се надеваме дека ќе бидеме беспрекорен сервис за нашите купувачи и ќе ги оправдаме нивните очекувања, пред сѐ, со квалитетна понуда, услуга на највисоко ниво и со дефинитивно дисконтни цени, изјавија за InStore од „Ер Гроз“.
Ова е втор објект под името „Ер Гроз“. Првиот е лоциран кај Јаја Паша во Чаир, на улицата Цветан Димов, бр. 84.