Како дел од серијалот онлајн-работилници „Business Unusual with Antonio Zrilić“, InStore ви ја претставува работилницата на тема „Од стратегија до акција“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како извонредните стратегии да ги претворите во успешни одлуки и акции во синџирот на снабдување.
Како дел од серијалот онлајн-работилници „Business Unusual with Antonio Zrilić“, InStore ви ја претставува работилницата на тема „Од стратегија до акција“.
Време: 10-12 часот, 27 и 28 април 2021 година
Пријава: 170 евра + ДДВ
Напомена: Во случај на откажување, уплатата не се враќа, но може да се искористи за друг семинар или услуга на „Логико“ во рок од една година од плаќањето.
Вебинарот е наменет за:
Тренер: Антонио Зрилиќ
За повеќе информации: Срме Серафимовска, srme@instore.mk 070 375 220
По пријавата ќе добиете покана со линк до вебинарот на Teams
И во добрите времиња и во кризите потребно е да се донесуваат одлуки. Понекогаш е доволно да се донесе каква било одлука, бидејќи тоа е подобро од парализа или од страв од донесување одлука. На овој вебинар ќе откриете неколку различни модели за донесување одлуки, при што нема да имате изговор за да не ги донесете.
Никој не се буди наутро размислувајќи: Денес ќе направам неколку грешки и ќе донесам погрешни одлуки. Сепак, сите правиме грешки и тоа нема никаква врска со недостиг на интелигенција. Тоа е процес на учење, кој нѐ прави проактивни и живи.
Ако теоријата ја дефинирате како објаснување за причините и последиците („Размисли двапати“ – Мајкл Маубусин), таа е исклучително практична. Сите модели за донесување одлуки и за објаснување на процесот на размислување се теорија што ни помага во практиката и тоа е тоа што сакаме да го постигнеме.
ПРАШАЊАТА ШТО ВЕ МАЧАТ
Треба да донесете одлука?
Треба да решите проблем?
Создавање и подготовка за можностите
ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?
Правење стратегии и управување со трошоците:
Кој е вашиот проблем?
Од одлука до акција
Студија на случај
Организатори: 
За тренерот:
Антонио Зрилиќ, автор на книгата „Оптимизација на залихите во 6 чекори“ и водечки експерт за Supply Chain Management
Основач на бутик-консултантската компанија „Логико“, специјализирана за советување во Supply Chain Management (менаџирање со синџирот за снабдување). Реномиран консултант што советувал голем број компании, менаџери и претприемачи. За потребите на различни компании досега осмислил и спровел многубројни проекти поврзани со оптимизација на трошоците во логистиката и во производството.
Според зборовите на клиентите: Тој е мотор за придвижување на промените; Ја враќа вербата дека може да се остварат големи и значајни промени; Прави квантен скок во продуктивноста и ефикасноста; Драматично го унапредува паричниот тек...
Зрилиќ е меѓународен експерт за оптимизација на оперативните процеси (логистика, набавка и производство) и има повеќегодишно искуство за развој на менаџментот.
Автор е на книгите „Управување на залихите во шест чекори“, „Логистика со брзина на светлината“ и „Од стратегија до акција“, а соработува и со редакциите на повеќе стручни списанија и публикации. Зрилиќ е сертифициран САП-консултант, има серификат „Green Belt Six Sigma“. Член е на „Society of advanced Consulting“, Заедницата на деловни советници, Организацијата на хрватски извозници и на Хрватската задруга за набавка.
Секогаш е поттикнувачки да се слушне извонреден фидбек:
Задоволство ми е да ве слушам со каква леснотија пренесувате знаење. Вашите вебинари/семинари јасно упатуваат на методите што треба да се користат при донесувањето одлуки, првенствено во областа управување со залихите, но и при управувањето со трошоците. Методите што ги научив од вас произведоа сериозен тип на организација во моето работење и јасно ме држатна курсот дека сè што правам, во никој случај не смее да биде напамет и одоко. (Лариса Кадиќ)
Многу сум задоволен од виденото, бидејќи во краток период беа потенцирани клучните елементи и модели за управување и одлучување – како за продажбата и артиклите, така и за набавката и залихите. (Дарко Васиљевиќ)
Ми беше вистинско задоволство да присуствувам на вебинарот! Фаќав и забелешки. (Ерика Блажиќ)
Семинарите на Зрилиќ се конципирани за да понудат концизен и директен увид во моделите и техниките што ги користат практичарите. Станува збор за одлично вложено време. (Владимир Дијан)
Веќе подолго ги следам вашите објави, но денес првпат бев дел од вебинар. Можам да заклучам дека беше кратко, јасно и поучно. (Ирена Розиќ)
Концизно и поттикнувачки! Толкувањето на содржината на слајдовите е одлично. Однапред се радувам на следната работилница. Единствената мала забелешка е во ракописот. (Ивана Марковиќ-Томак)