
На 14 мај, InStore и Кликер Маркетинг организираат еднодневна обука на тема - REVENUE GROWTH MANAGEMENT - Управување со раст на приходите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 14 мај, InStore и Кликер Маркетинг организираат еднодневна обука на тема - REVENUE GROWTH MANAGEMENT - Како до пораст на приходите?
Kако можат компаниите да продаваат повеќе производи по повисоки цени?
Придружете се и откријте како со примена на докажани стратегии да ја зголемите продажбата, да ја подобрите профитабилноста и да го зајакнете вашиот бренд во најпредизвикувачките пазарни услови!
Што е Revenue Growth Management?
Управување со растот на приходите (RGM) е стратегиски пристап создаден за да им овозможи на FMCG-компаниите да продаваат поголеми количества на свои производи по повисоки цени, со постигнување долгорочен раст и одржливост.
На оваа еднодневна обука ќе ги анализираме и примениме 10-те клучни елементи на RGM што ги користат најуспешните компании во светот, а кои ќе ви помогнат да го трансформирате начинот на кој работите и да постигнете подобри резултати.
Што да очекувате?
Динамични и практични предавања со фокус на конкретни резултати:
Практична примена: Ќе работите на задачи и примери од реалниот свет кои директно се применливи на вашите бизнис-предизвици.
Докажани глобални стратегии: Ќе учите од најдобрите, со успешни приказни на водечките брендови низ целиот свет.
Што ќе научите?
ПРИЈАВИ СЕ!
За кого е наменета обуката?
За сите кои директно или индиректно придонесуваат за приходите на својата компанија:
Предавачи
Предавачи на обуката ќе бидат Андреа Кркач и Кристијан Матијашевиќ – поранешни сениор менаџери во Coca-Cola со повеќе од 20 години искуство во FMCG-индустријата. Успешно развиваа и унапредуваа брендови во 26 земји во регионот на Централна и Источна Европа. Со над 100 реализирани меѓународни обуки им помогнаа на многу компании да го редефинираат својот пристап кон растот на приходите.

КОТИЗАЦИИ
4 и повеќе лица од компанија - 269 евра по лице
3 лица од компанија - 279 евра по лице
2 лица од компанија - 289 евра по лице
1 лице - 299 евра
(ДДВ не е вклучен во цената)
Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
Мери Каталиниќ, 071 262 441