
На 9 и 10 април во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница за КА-менаџмент, наменета за КА-менаџери, менаџери за продажба, унапредувачи на продажба...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како да го совладате стратешкиот KA-менаџмент?
На 9 и 10 април во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница за КА-менаџмент, наменета за КА-менаџери, менаџери за продажба, унапредувачи на продажба, која ќе ја води Дарко Лукиќ.
ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:
-Запознајте ги целите и предностите од имплементацијата на КА-менаџментот;
-Дознајте зошто менаџерот за клучни купувачи е најважната алка во продажната организација и кои се клучните разлики меѓу него и класичниот продавач;
-Совладајте ја вештината на категоризација и сегментација на купувачите;
-Совладајте го стратешкиот KA-менаџмент;
-Запознајте се со користењето на Planning ToolBox за клучни купувачи;
-Совладајте го преговарањето со клучните купувачи и „Handling objections“ во преговорите со КА-менаџерите за клучните купувачи;
-Дознајте кои се најважните трендови во развојот на интернационалните и различните КА-формати, како и во онлајн-продажбата што ќе го обележат периодот од 2019 до 2022 година за подобро да управувате со вашата идна продажба.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
Професионалци за продажба
КА-менаџери
Менаџери за продажба
АГЕНДА
1. ден
-КА-менаџмент: концепт, цели, задачи, предности и вештини;
-КА-менаџер v.s. класичен продавач: експертиза и вештини;
-Клучни купувачи: рангирање и категоризација;
-Стратешки КА-менаџмент: процес на стратешки КАМ, планирање, евалуација, приопретизација, КАМ-стратегии;
-Студија на случај: Toolbox за КА-планирање – анализа на купувачи, анализа на позициите на компанијата, анализа на портфолиото на купувачите и акциски план за купувачот.
-Развојни трендови на различни формати:
-Екс-ју регионални трендови за развој на клучните купувачи;
-Развој на дисконтниот формат во Европа: супермаркетизација;
-Интернационалната стратегија на „Лидл“;
-„Амазон“ и онлајн-продажбата: трендови за развој до 2022 година.
2. ден
-Процес, цели и планирање на преговорите со клучните купувачи;
-Стретегии, тактики и стилови на преговарање со менаџерите на категории;
-„Handling objections“: каталог со аргументи за службите за набавки на клучните купувачи;
-Преговарачки „Tips & Tricks“;
-Студија на случај: годишни преговори – доставувач v.s. клучен купувач.
ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Дарко Лукиќ, м-р по економски науки и консултант
Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG („ING Bank“, „Nestle Adriatic“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“).
Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija“. Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.
Потоа, работи на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez“, „Telenor“, „Whirlpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.
Моментално работи како маркетинг-консултант за водечки српски компании и невладини органи-зации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг-консалтинг, што ја има основано тој. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.
КОТИЗАЦИИ:
1 лице – 240 евра
2 лица од компанија – 220 евра по лице
3 лица од компанија – 210 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија – 200 евра
(Цените се без ДДВ)
Во котизацијата се вклучени:
Две паузи за кафе;
Ручек;
Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
Сертификат за успешно завршена работилница.
ЛОКАЦИЈА
„Јавна соба“
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ:
Мери Каталиниќ
е-пошта: meri@instore.mk
моб.: 071 262 441
е-пошта: edukacija@instore.mk