
Во организација на Кликер маркетинг и магазинот InStore на 19 јуни ќе се одржи првиот FMCG Адриа вебинар „Актуелни теми за продажни и маркетинг-професионалци“, на кој ќе предава Дарко Лукиќ...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на Кликер маркетинг и магазинот InStore на 19 јуни ќе се одржи првиот FMCG Адриа вебинар „Актуелни теми за продажни и маркетинг-професионалци“, на кој ќе предава Дарко Лукиќ.
Еднодневниот вебинар опфаќа четири тематски целини: трендови во развојот на трговските формати и канали; како подготвено да се дочека „следниот бран“ од Ковид-19; приватни трговски марки v.s. брендови; како до продажен и маркетинг тим со високи перформанси.
АГЕНДА (19 ЈУНИ 2020 ГОДИНА):
09:00 – 10:30
Најважните трендови во развојот на трговските формати и канали што ќе ја обележат третата и четвртата деценија од 21 век
10:30 – 10:45
Пауза
10:45 – 12:15
Ковид-19: шанса или опасност – како продажните и маркетинг-менаџерите од FMCG-секторот подготвени да го дочекаат „следниот бран“
12:15 – 13:15
Пауза
13:15 – 14:45
Во која мера трговските марки ја загрозуваат продажбата на брендовите и како продажните и маркетинг-професионалците од FMCG-секторот да одговорат на растечкиот притисок
14:45 – 15:00
Пауза
15:00 – 16:00
Продажен и маркетинг тим со високи перформанси
ПРИЈАВЕТЕ СЕ:
Мери Каталиниќ
071 262 441
КОТИЗАЦИИ:
1 учесник – 180 евра + ддв
2 учесници од иста компанија – 170 евра (по лице) + ддв
3 учесници од иста компанија – 160 евра (по лице) + ддв
4 и повеќе учесници од иста компанија – 150 евра (по лице) + ддв
ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Дарко Лукиќ, консултант
Дарко Лукиќ е консултант и предавач за менеџмент, продажба и за маркетинг. Дваесетгодишното работно искуство во бизнисот го пренесува преку програми од областа на менаџментот, управувањето со клучните купувачи, продажбата, управувањето, мотивацијата, традиционалниот и дигиталниот маркетинг.
Во текот на 17-годишната корпоративна кариера, се усовршува во менаџирање и на лидерски позиции во водечки мултинационални компании, како што се: „ING Group“, „Nestle“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“. Кариерата на консултант, ментор и предавач ја почна во 2016 година, преку соработката со „Delta Holding“, UNICEF и магазинот InStore, а во наредниот период продолжи да соработува со голем број српски и интернационални компании.
Семинарите и говорите, на водечки регионални FMCG-конференции, ги реализира на српски и на англиски јазик во Србија, Македонија и во БиХ.
Нуди услуги за советувања, менторство и едукација, а меѓу неговите клиенти се: UNICEF, „Delta Holding“, „Philip Morris“, „Lesaffre“, „Pernod Ricard“, „Imperial Tobacco“, „Stihl“, „Western Union“, „Garmin“, „Yuhor“, „Fun&Fit“, „Danubius“, „ComTrade“, „Nectar“, „MD International“, „Vital“, „Omnico distribucija“, „G3 Spirits“, „Gorki List“, „Gomex“, „Orbico“, „Fructal“, „Perutnina Ptuj“, „Atlantic Trade“, „Badel 1862“, „Alca Trgovina“, „АВТ интернационал“, „Алкалоид“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Пелистерка“, „Макпрогрес“, „Прилепска пиварница“, „Виталиа“, „Кола“, „Рамстор“, „Рептил“ итн.
Тој е на листата консултанти на ЕБОР (Евроска банка за обнова и развој) за мали и средни претпријатија во Србија и во Македонија, а е предавач и на Мокрогорската школа за менаџмент.
Маратонец и триатлонец, со завршени 27 маратони (42,2 км), 13 полуајронмен триатлони (113 км) и два ајронмен триатлони (226 км).