
На ваше барање, магазинот InStore повторно ја организира специјализирана дводневна работилница за продажба и преговарање во FMCG-секторот, која ќе ја води Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На ваше барање, магазинот InStore повторно ја организира специјализирана дводневна работилница за продажба и преговарање во FMCG-секторот, која ќе ја води Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање.
Постојано актуелната тема – преговарање со трговците повторно е на сцена. Сите тие што не беа во можност да присуствуваат во декември, сега добиваат нова шанса за учество во интерактивната работилница со Даворка Биондиќ Винце. Практична, реална и напредна, токму тоа што ни треба – ова беа зборовите на менаџерите за продажба и КА-менаџерите за првата работилница.
| Ивица Саралиевски, менаџер за продажба во „Алма М" Одлично, одлично – немам други зборови за работилницата и за интерактивноста. Ова е една од подобрите работилници на кои сум присуствувал. |
| Марјан Стоилов, менаџер за продажба во „Прилепска пиварница" Искрено, работилницата беше супер, одлична е Даворка. Добивме огромно know how од искусна жена преговарач, со реални примери и практични совети. |
Работилницата, која ќе се одржи на 14 и 15 март, е наменета за главните продавачи од страната на доставувачите во FMCG-секторот – комерцијални директори, директори за продажба и key account менаџери во компаниите за производство и за дистрибуција. Целта е запознавање со најефикасните стратегии за преговарање со win-win исход.
| · Зошто да присуствувате?Ќе ги научите сите тајни на успешното преговарање за два дена.Преговарачката вештина е најценетата деловна вештина!Ќе увидите во што е разликата меѓу успешните и неуспешните преговарачи.Нема повеќе да бидете жртва на оние што знаат да преговараат. |
На преговарачките вештини ќе се работи по 6 часа дневно, според Харвард принципот на преговарање. Методите ќе бидат комбинација од теорија со различни вежби, видео-фидбек и игри.
| Програма на работилницата за двата дена |
| 14.3.2017 г.:Техники за ефикасно аргументирање во преговарањето и неутрализација на отпоротНачин на реализација Учесниците се запознаваат со теоријата и практиката на преговарање преку комбинација на кратки теоретски делови и различни вежби, видео фидбек и игри. Методите што ги користиме и теоријата на преговарање се потпираат на Харвард принципот на преговарање и на системот на двојна победа (win-win). Три стратегии на преговарањеШто е успех во преговарањето? Што ги продава денес производот или услугата? 6 фази во win-win преговарањетоЗабранети зборови и фрази во преговарањетоПодготовка за преговарање и нејзиното значење во успехот на преговарачкиот процесШто се може да биде предмет на преговарање?Вовед во преговарањето6 правила за првите 3 минути од преговарањетоПодготовка за преговарањето Цел на воведотПрашања во воведотАргументирање – што (не) е аргумент?Техники за уверувањеЗошто е важно да се разликуваат карактеристиките и користа од производот?Кажете му на купувачот зошто купува, а не што купува!Одбивање и неутрализација на приговори3 видови приговориУправување со приговорите („Тоа не ми треба", „Прескапо!",„Вашата конкуренција е подобра!")Откријте ги причините за одбивање. Како?Неутрализација на приговорот за „превисока" ценаЕскалација, пат позиција и одблокирање на мртвата точка Како да се одблокира и да се одведе разговорот кон win-win исход? Попуштање, уметноста на отстапувањето, заклучување3 видови попуштањеЗошто да не се отстапува лесно?Како да знаеме дали другиот блефира или ја говори вистината?Кога да се премине на заклучување на работата?Сигнали за купување/продажба 5 правила за успех во преговарањето 6 преговарачки грешки што можат скапо да ве чинат |
| 15.3.2017 г.:Најчести преговарачки тактикиНечисти, нечесни преговарачки тактики:15 најчести „нечисти" тактики Како да ги откриете?Како да ги неутрализирате?Како да ги канализирате кон win-win резултат во преговарањето?Чесни, етички преговарачки тактикиКако и кога да ги користите?Продажна тактика „Продажба за 2 минути"Кога да го напуштите преговарањето и да ја повлечете вашата понуда? Што е виртуелно преговарање и зошто денес треба да се познава?Влијанието на 5-те сетила на успехот во преговарањетоПредности и недостатоци на секоја форма на виртуелно преговарањеКога да преговарате „во живо"?Предности и недостатоци на преговарањето „во живо"Кога и како да преговарате преку е-меил?Предности и недостатоциНајчести грешкиШто кога ќе добиеме меил со агресивен тон и закани?Како да се даде понуда преку е-меил?Како да се преговара со уши (телефонски)?Предности и недостатоциНајчести грешкиПланирање на телефонското преговарањеСтруктура на преговарањето преку телефонКога е препорачливо да се преговара преку телефон?Како преговараат жените, а како мажите?Биолошки предности и недостатоциКој е најуспешен преговарач на светот и зошто?Методи на работа:ПредавањеСопствени видео клипови со снимени примери од праксатаИндивидуални вежби за уверување преку снимање со камераПримери и предизвици од праксата на специјалистите за продажба на клиентотТраење на работилницата: 2 дена по 6 часа БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН ПОРАДИ ИНТЕРАКТИВНОСТА НА РАБОТИЛНИЦАТА |
Пречесто останувате „без текст" во преговарањето? Никогаш повеќе!
| Даворка Биондиќ Винце, сопственик и директор на „Бионди", е дипломиран економист на факултетот во Загреб, која подоцна се усовршувала на неколку школи за бизнис во Германија за областите менаџмент и деловно преговарање. Таа има 25-годишно искуство на менаџерски позиции во хрватски и во странски компании, од кои 11 години била член на управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц", а до март 2012 година, била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар". Нејзиното професионално портфолио вклучува повеќе од 10.000 преговори. Даворка е тренер за преговарање, презентациски тренер, за лидерство, управување со конфликт, мотивациски говорник, предавач на бројни FMCG-конференции. Автор е на книгата „Како да се преговара успешно", а наскоро во печат ќе излезе и втората – „100 преговарачки техники". |
| КОТИЗАЦИИ И ПРИЈАВИ 1 лице - 230 евра2 лица од иста компанија - 220 евра по лице3 лица од иста компанија - 210 евра по лице4 и повеќе лица од иста компанија - 200 евра по лице Организатор:Магазин InStore – Македонија, www.instore.mk Пријавете се на: Е-мејл: edukacija@instore.mk |