
Денеска почна специјализираната работилница за продажба и преговарање во FMCG-секторот, во организација на InStore, која ја води Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање и редовен колумнист во магазинот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Денеска почна специјализираната работилница за продажба и преговарање во FMCG-секторот, во организација на InStore, која ја води Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање и редовен колумнист во магазинот.
.jpg>)
На работилницата, која се одржува денес и утре во хотелот „Карпош" во Скопје, присутни се главните продавачи од страната на доставувачите во FMCG-секторот – комерцијални директори, директори за продажба и key account менаџери од повеќе компании за производство и за дистрибуција: „АВТ-интернатионал", „Алма М", „Атлантик трејд", „Вајомаг", „Даути комерц", „Империал тобако", „Јока", „Макпрогрес", „Нимекс", „Прилепска пиварница", „Рудине", „Тиквеш" и „Трејдек".
На преговарачките вештини ќе се работи по 6 часа дневно, според Харвард принципот на преговарање. Методите ќе бидат комбинација од теорија со различни вежби, видео-фидбек и игри.
| Програма на работилницата за денес: |
| Техники за ефикасно аргументирање во преговарањето и неутрализација на отпоротНачин на реализација Учесниците се запознаваат со теоријата и практиката на преговарање преку комбинација на кратки теоретски делови и различни вежби, видео фидбек и игри. Методите што ги користиме и теоријата на преговарање се потпираат на Харвард принципот на преговарање и на системот на двојна победа (win-win). Три стратегии на преговарањеШто е успех во преговарањето? Што ги продава денес производот или услугата? 6 фази во win-win преговарањетоЗабранети зборови и фрази во преговарањетоПодготовка за преговарање и нејзиното значење во успехот на преговарачкиот процесШто се може да биде предмет на преговарање?Вовед во преговарањето6 правила за првите 3 минути од преговарањетоПодготовка за преговарањето Цел на воведотПрашања во воведотАргументирање – што (не) е аргумент?Техники за уверувањеЗошто е важно да се разликуваат карактеристиките и користа од производот?Кажете му на купувачот зошто купува, а не што купува!Одбивање и неутрализација на приговори3 видови приговориУправување со приговорите („Тоа не ми треба", „Прескапо!",„Вашата конкуренција е подобра!")Откријте ги причините за одбивање. Како?Неутрализација на приговорот за „превисока" ценаЕскалација, пат позиција и одблокирање на мртвата точка Како да се одблокира и да се одведе разговорот кон win-win исход? Попуштање, уметноста на отстапувањето, заклучување3 видови попуштањеЗошто да не се отстапува лесно?Како да знаеме дали другиот блефира или ја говори вистината?Кога да се премине на заклучување на работата?Сигнали за купување/продажба 5 правила за успех во преговарањето 6 преговарачки грешки што можат скапо да ве чинат |
| За целосната програма кликнете овде |
| Даворка Биондиќ Винце, сопственик и директор на „Бионди", е дипломиран економист на факултетот во Загреб, која подоцна се усовршувала на неколку школи за бизнис во Германија за областите менаџмент и деловно преговарање. Таа има 25-годишно искуство на менаџерски позиции во хрватски и во странски компании, од кои 11 години била член на управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц", а до март 2012 година, била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар". Нејзиното професионално портфолио вклучува повеќе од 10.000 преговори. Даворка е тренер за преговарање, презентациски тренер, за лидерство, управување со конфликт, мотивациски говорник, предавач на бројни FMCG-конференции. Автор е на книгата „Како да се преговара успешно", а наскоро во печат ќе излезе и втората – „100 преговарачки техники". |