
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „дм дрогерие маркт“ ги повикува здруженијата, организациите и другите непрофитни институции кои секојдневно вложуваат време, знаење и посветеност за подобро утре на заедницата, да ги пријават своите проекти на платформата „Иднина која инспирира“.
Како што истакнуваат од dm, со овој повик сакаат да им дадат простор и поддршка на иницијативите што носат вистинска вредност за луѓето, ја поттикнуваат солидарноста и отвораат можности за активно вклучување на заедницата.
Право на учество на платформата „Иднина која инспирира“ имаат регистрирани непрофитни правни лица, меѓу кои здруженија, организации, институции, установи, училишта и единици на локална самоуправа. Проектите што се пријавуваат треба да носат јасна вредност за заедницата и да бидат насочени кон три области: солидарност и меѓусебна поддршка, развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и грижа за животната средина и дејствување во согласност со природата.
Особено важно е секој проект да подразбира волонтерски ангажман или да нуди можност за вклучување на волонтери. Секој подносител може да пријави и неколку проекти, а за секој од нив е потребно да се пополни посебен онлајн-формулар. За избраните проекти, dm ќе обезбеди поддршка преку финансирање на производи од асортиманот; финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти; директни уплати на сметката или комбинација од претходните ставки.
Пријавувањето се одвива на следниот линк, каде што подносителите треба да достават детално разработен проект со временски план, буџет, тековна состојба од Централен регистар, а доколку е потребно и соодветни дозволи или одобренија од надлежни органи. Рокот за пријавување е отворен до 31 јули, а избраните проекти ќе бидат објавени од септември.