
Компанијата „Лидл“ - Србија и оваа година се приклучи на глобалната иницијатива „Час за нашата планета“, со симболично гасење на осветлувањето на објектите во сабота во периодот од 20:30 до 21:30 часот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Глобалната еколошка иницијатива „Час за нашата планета“ традиционално кон крајот на март обединува милиони луѓе, градови и компании ширум светот со заедничка цел – зачувување на природата преку еден час симболичен мрак.
Како активен дел од оваа иницијатива, компанијата „Лидл“ - Србија во саботата, од 20:30 до 21:30 часот, ја исклучи фасадната расвета, логотипите и пилоните во логистичките центри и продавниците во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Суботица.
Учеството во оваа иницијатива е симболичен потег со кој компанијата укажува на поширока стратегија насочена кон заштита на климата.
„Освен преминот на обновливи извори на енергија, „Лидл“ - Србија секојдневно применува низа мерки за подобрување на енергетската ефикасност во сите сегменти од работењето. Сите технички системи во објектите – од HVAC системите (греење, вентилација и климатизација) и осветлувањето, до ладилните витрини и канцелариската опрема – се базираат на најсовремени уреди со највисока енергетска класа (A и повисока). Иако електричната енергија е примарен ресурс, во логистичките центри внимателно се дозира и природниот гас за подно греење, во синергија со системи што повторно ја користат отпадната топлина од индустриското ладење. Дека во одржливото работење секој детал прави разлика, покажува и податокот дека само со димирање, односно оптимизација на осветлувањето во продажниот простор, во текот на 2023 година е заштедено 971.344 kWh електрична енергија“, соопштија од компанијата
Посебен фокус на компанијата е насочен кон сопствено производство на електрична енергија. Од јуни 2024 година, во логистичкиот центар во Лапово во целосна оперативна работа е соларна електрана со моќност од 999 kWp, а во текот на истата година изградени се уште четири соларни електрани на покривите на продавниците, чие пуштање во работа се очекува во наредниот период.
Фото: „Лидл“-Србија