
Битола беше домаќин на првата едукативна средба со физичко присуство во рамките на „Караванот на мајчинство“, иницијатива на „дм дрогерие маркт“ и здружението „Матрона“ за поддршка на идните родители.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На настанот во хотел „Милениум палас“ учествуваа повеќе од 40 идни родители кои слушнаа совети од стручни луѓе за бременост, породување и грижа за новороденче, како и за адаптацијата на семејството по раѓањето.
Едукативниот дел на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“ го водеа прим. д-р Марина Поп Лазарова и акушерката Гордана Палашовска, кои одговараа на прашања и споделија практични насоки. Средбата се одвиваше во интерактивна и отворена атмосфера, со директна размена на искуства и прашања.
„Караванот на мајчинство“, dm и „Матрона“ го реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат достапна едукација и поддршка за мајките, идните родители и семејствата. Минатата година беа организирани 11 онлајн-обуки, а годинашната програма почна со теми посветени на дохрана, спиење и ран моторен развој кај децата.