Компанијата „Бучен Козјак“ реализира донација на средства наменети за реновирање на просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, по повод одбележувањето на Светскиот ден на млекото (1 јуни).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Договорот за донација го потпишаа Наташа Бојковски Денковска, директорка на „Бучен Козјак“, и д-р Оливер Зафировски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија.
Како што соопштуваат од компанијата, оваа поддршка ќе овозможи подобрување на условите во клиниката за поквалитетна здравствена грижа за пациентите и подобри услови за работа на медицинскиот персонал.
Како компанија која повеќе од 40 години е посветена на производство на квалитетни млечни производи и промоција на здрави животни навики, веруваме дека грижата за здравјето не завршува со производот што го пласираме на пазарот. Нашата одговорност е да придонесуваме и кон зајакнување на здравствениот систем и подобрување на условите за лекување, изјави Наташа Бојковски Денковска.
Од компанијата потенцираат дека општествената одговорност останува еден од клучните столбови на нивното работење и дека и во иднина ќе продолжат да инвестираат во проекти што создаваат трајна вредност за заедницата.