
Во време на пандемијата, компанијата „Галеника“ поинтензивно од кога било, е посветена на задачата – зачувување на здравјето на луѓето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во време на пандемијата, компанијата „Галеника“ поинтензивно од кога било, е посветена на задачата – зачувување на здравјето на луѓето.
Во текот на пандемијата, многубројни компании на солидарен и одговорен начин одговорија на општествените предизвици, што беше случај и со „Галеника“. За таа цел компанијата презентираше видео.
„Наша помош за сите луѓе“ е пораката на видеото која на симболичен начин ги прикажува напорите на вработените, истакнувајќи ја посветеноста и сериозноста на пристапот на компанијата. Горди сме што покажавме дека сме обединети во борбата за нашите луѓе, соопштија од компанијата.
Како што истакнаа од компанијата, во текот на пандемијата КОВИД-19, клучна цел била обезбедување на континуитетот во производството и снабдување со лекови во потребните количества, за сите корисници.
Погледнете го видеото: