
На овогодинешното доделување на наградите за општествена одговорност од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа) „Алкалоид“ и „Тинекс“ се закитија со награди за своите активности реализирани во 2012 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На овогодинешното доделување на наградите за општествена одговорност од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа) „Алкалоид" и „Тинекс" се закитија со награди за своите активности реализирани во 2012 година.
ЦИРa свечено ги додели Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година. Наградите за филантропија и општествена одговорност се дел од годишните активности на ЦИРа и оваа година тие се одржуваат по шести пат.
Како што соопштуваат од ЦИРа, во категоријата филантропија за големо претпријатие пристигнаа најмногу номинации, но наградата за корпоративна филантропија за големи претпријатија и припадна на компанијата „Тинекс МТ" за следниве постигнувања: донација за набавка на два бронхоскопи и кардиолошка сонда на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, комплетно опремување на 21 мајчинска соба на Клиниката за гинекологија, опремување на болничките соби на Детската клиника и Клиниката за максилофацијална хирургија, донација на озонери, 24 оперативни и хируршки интервенции кај индивидуалци, опремување на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, дистрибуција на над 1500 килограми храна во акцијата до жителите на планинските села, комплетна обнова на покривите на опожарени куќи во населбата Карадак маало во Скопје, 70 кг храна за социјално загрозените семејства згрижени во училишниот интернат во село Љубанци, вработување на деца по полнолетство од Домот за деца без родители "11 Октомври”, донација за Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, донација на 1500 пакетчиња на деца во 25 училишта и установи кои згрижуваат лица со посебни потреби во текот новогодишен караван со Дедо Мраз, поддршка на спортски и културни манифестации итн.
„Алкалоид" ја доби наградата за претпријатие за интегриран пристап кон општествената одговорност, за следниве активности: стипендии на Фондацијата "Трајче Мукаетов” во износ од 8.521.002 денари, корпоративен весник "Здравјето пред се”, проект "Биди ми пријател” во соработка со здружението "Борка – за секој нов ден”, донација на микроскоп за цитоморфологија на Одделот за детска онкологија при Клинички Центар, опремување на собите во кои престојуваат децата, опремување на просторијата каде се подготвуваат терапиите, целосно опремување на приемниот пулт на одделот, донација на производи од колекцијата Бекутан за потребите на хоспитализираните деца, едукација на вработените во износ од 9.897.366 денари, интегрирана еколошка дозвола во вредност од 30.750.000 денари.
Оваа година Наградите за филантропија и општествена одговорност се финансирани од Европската унија преку програмата за јакнење на граѓанското општество во рамки на проектот SIGN за одржливост, каде што ЦИРа е вклучена како партнерска организација одговорна за активностите во Македонија.