
Компанијата „Бамби“ е овогодишниот добитник на наградата „Виртус“, за корпоративна општествена одговорност, во категоријата „Поддршка за најиновативен проект во 2013“ за „Јуху! игралиште“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бамби" е овогодишниот добитник на наградата „Виртус", за корпоративна општествена одговорност, во категоријата „Поддршка за најиновативен проект во 2013" за „Јуху! игралиште".
Оваа награда се доделува во неколку категории, на компании кои на најефикасен начинпридонесуваат за општествената одговорност и го подржуваат концептот на корпоративна филантропија. Во име на компанијата „Бамби", наградата ја прими Даниел М. Боехи, извршен директор за операции.
Како општествено одговорна компанија, се фокусираме на децата и на сите генерации, кои еден ден ќе станат лидери и шампиони на оваа земја. Со овие општествено одговорни проекти, компанијата „Бамби" се позиционираше меѓу општествено најодговорните компании во земјата, а со нашите ЦСР проекти ќе продолжиме и следнава година, истакна Боехи.
Со проектот „Јуху! игралиште", компанијата „Бамби" уреди шест игралишта во Србија, а во гласањето учествуваа повеќе од 60.000 граѓани. Овој ЦСР проект е инициран од желбата да се поддржат најверните потрошувачи, децата, и да се разубават нивните омилени места за игра, порачуваат од компанијата.