
„Кока-Кола ХБЦ“ Хрватска на четвртата национална конференција за општествено одговорно работење, одржана во организација на Хрвaтската стопанска комора и Хрватскиот совет за одржлив развој, освои две награди.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кока-Кола ХБЦ" Хрватска на четвртата национална конференција за општествено одговорно работење, одржана во организација на Хрвaтската стопанска комора и Хрватскиот совет за одржлив развој, освои две награди.
За достигнувања на полето на општествена одговорност, компанијата веќе четврти пат е наградена со Индексот ДОП во категоријата големи претпријатија, а нејзиниот проект „Јазичен прирачник на ‘Кока-Кола ХБЦ Хрватска’" наградена е со Европската награда за општествено одговорно работење за Хрватска.
Горди сме што нашите достигнувања на полето на општествено одговорното работење се препознаени и наградени со Индексот ДОП веќе четврти пат, изјави генералниот директор на „Кока-Кола ХБЦ Хрватска" и „Кока-Кола ХБЦ Б-Х", Сараево, Мирчеа Драја.
Европската награда за „Јазичен прирачник на 'Кока-Кола ХБЦ Хрватска'" ја прими директорката на Одделението за комуникација и односи со јавноста за Хрватска и Босна и Херцеговина, Бошка Тргојевиќ: Општествената одговорност ја вклучува и одговорноста кон јазикот на државата и пазарот каде што работиме. Со јазичниот прирачник сакаме да допринесеме во унапредувањето на секојдневната комуникација со сите свои претставништва.