
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Денеска беа доделени Националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските компании за 2013 година. Жири-комисиите, составени од претставници на јавниот и граѓанскиот сектор, наградија вкупно девет практики со статуетки, а на апликантите што беа во потесниот круг им беа доделени признанија.
Денеска беа доделени Националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските компании за 2013 година. Жири-комисиите, составени од претставници на јавниот и граѓанскиот сектор, наградија вкупно девет практики со статуетки, а на апликантите што беа во потесниот круг им беа доделени признанија.
Конкурсот за доделување награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија годинава траеше од 24 март до 21 мај и конкурираа 38 претпријатија со 56 проекти во пет категории: однос кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, заштита на животната средина и вложување во заедницата.
Од FMCG-секторот, винарницата „Тиквеш" доби статуетка во категоријата односи на пазарот, за проектот „Едукација, креативност, иновативност", а „Тинекс" доби признание во категоријата вложување во заедницата за кампањата „Хуманоста е важна – на кого ќе му помогнете денес?", што ја реализираше во партнерство со „Битолска млекара" за помош на децата со оштетен вид и слух.
Исто така и „Пакомак" доби статуетка во категоријата заштита на животната средина за училишниот еко-проект „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце" и за неговиот придонес во новите, еколошки едуцирани генерации.
Конкурсот беше во организација на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) и Министерството за економија и беше помогнат со проектот „Општествена одговорност за сите" (CSR for all).Проектот има за цел да ги развие капацитетите на организациите на работодавачи со концептот на општествена одговорност во југоисточна Европа. Проектен партнер од Македонија во овој проект, кофинансиран од Европската унија, е Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Сите компании што ја добија Националната награда имаат право да го користат логото на КТООП на своите производи и услуги, со додавање на 2013 година.
Целта на доделувањето е да се промовираат позитивните практики на општествено одговорно делување и притоа да се инспирира и развива општествената одговорност во македонските компании.