
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бизнис-конфедерација на Македонија денеска го промовираше „Прирачникот за општествена одговорност на претпријатијата“ во ТЦЦ „Гранд Плаза“ во Скопје. Прирачникот е резултат од активностите на проектот „Кооперативна општествена одговорност за сите“ (CSRforALL).
Бизнис-конфедерација на Македонија денеска го промовираше „Прирачникот за општествена одговорност на претпријатијата" во ТЦЦ „Гранд Плаза" во Скопје. Прирачникот е резултат од активностите на проектот „Кооперативна општествена одговорност за сите" (CSRforALL).
Настанот се одржа со цел да се подигне свеста на бизнис-заедницата во Македонија за важноста и неопходноста од општествената одговорност на претпријатијата (ООП), како и да се отворат и одговорат суштинските прашања.
На семинарот зборуваа Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерација на Македонија, Александар Николов, претседател на Националното координативно тело за ООП, Владимир Петковски, универзитетски професор, Горан Лазаревски, претседател на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис-жени и Никица Кусиникова од здружението „Конект" и контакт-лице на „УН Глобал компакт" во Македонија.
На настанот беа анализирани повеќе теми, од кои дел се опфатени и во прирачникот: ООП како услов за поголема конкурентност, пристапот на женското претприемништво кон ООП, презентација на соодветните интернационални инструменти за малите и средни претпријатија, националните и европските иницијативи за ООП и др.
Промоцијата на прирачникот, разменувањето на искуства, знаење и експертиза беа дополнителна вредност на овој семинар.