
„Рамстор“ – Македонија доби статуетка за најдобра национална општествено одговорна практика за проектот „ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна“, како и плакета за „Дуќанот е наш“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Рамстор" – Македонија доби статуетка за најдобра национална општествено одговорна практика за проектот „ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна", како и плакета за „Дуќанот е наш".

Компанијата ја доби статуетката во категоријата „односи на пазарот", а плакетата ѝ беше доделена во категоријата „однос кон вработените" кај големите компании на 10. јубилејна манифестација Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

Наградите ги прими Ајхан Узун, генералниот директор на „Рамстор" – Македонија, а на прес-конференцијата се обрати Елиф Исмаил Шериф, раководителка на секторот за корпоративни комуникации, која изјави: Со 12-годишното постоење на пазарот и со визијата за одржливост, „Рамстор" прави конкретни чекори во областа на корпоративната општествена одговорност, кои ја зголемуваат свеста во општеството. Спроведуваме бројни проекти за подигнување на свеста за социјалната одговорност, како и продуктивно и штедливо користење на ресурсите. Вработените ги фокусираме на одговорност кон луѓето, природата и идните генерации. За различните проекти соработуваме со здруженија, фондации и со невладини организации, преку кои се испитуваат областите каде што има потреба за тоа.