
Свесноста за општествена одговорност во Македонија е зголемена, но нивото на имплементација сè уште треба да се препознае, затоа што постојат компании што не препознаваат дека спроведуваат општествено одговорни практики.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Свесноста за општествена одговорност во Македонија е зголемена, но нивото на имплементација сè уште треба да се препознае, затоа што постојат компании што не препознаваат дека спроведуваат општествено одговорни практики.
Ова беше истакнато на денешната панел-дискусија посветена на практиките и придобивките на општествена одговорност, во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Сèуште треба да работиме на ова поле бидејќи има мали компании што треба да бидат информирани и да го истакнат она што го прават како добра практика. На некој начин, треба да ги поттикнуваме компаниите поквалитетно да го водат својот бизнис, истакна Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата.
Според него, воведувањето практики за општествена одговорност е финансиски трошок за компаниите, но спроведувањето е долгорочна инвестиција.
Општествената одговорност во Македонија како практика почна пред десетина години, а во 2007 година беше формирано и Национално тело за општествена одговорност што секоја година доделува награди за општествено одговорни компании во повеќе категории.