
Компаниите „Тинекс“ и „Алкалоид“ на вчерашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“ се здобија со златни бубамари за општествена одговорност, како круна на минатогодишните активности што ги преземаа во оваа област.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите „Тинекс" и „Алкалоид" на вчерашната манифестација „Златна бубамара на популарноста" се здобија со златни бубамари за општествена одговорност, како круна на минатогодишните активности што ги преземаа во оваа област.
Уште едно признание и уште една мотивација да продолжиме да се грижиме за доброто на граѓаните. Златна бубамара ни додели наградата за општествена одговорност, што за нас значи потврда за успешната работа на платформата „Тинекс, ти и јас" која се залага да обезбеди помош и развој преку проекти и активности од значење за целата наша заедница, изјавија од „Тинекс" за InStore.
„Златна бубамара на популарноста" вчера се одржа по 16-ти пат во Универзалната сала во Скопје.
Освен овие, „бубамари" се доделија и за: телевизиски проект на годината, животно дело од областа на музиката и уметноста, најпопуларна драмска претстава, најдобри актер и актерка, постхумна награда за животно дело и многу други.