
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Автори: проф. Џонатан Гослинг и д-р Стефани Џонс, ИЕДЦ – Висока школа за менаџмент во Блед
Моќта е мојата љубовница. Вложив премногу енергија за да ја освојам и нема да му дозволам никому да ја преземе, колку и да страда и да ја посакувa!
(изјава на францускиот император за Пјер-Луи Родерер, француски новинар, писател и политичар, 4 ноември 1804 година).
Пристапот на Наполеон кон лидерството нуди различни примери за тоа како да се добие и да се искористи власта на борбената арена, во внатрешната политика, на меѓународната сцена – и на работното место. Постојат многу облици на моќ, а Наполеон бил господар на сите. За него, моќта била сè. Од неговото искуство и од контекстот во кој ја стекнал и ја задржал моќта, може да научиме многу. Секој што размислува како да стекне позиција, влијание и целосна власт, ќе го направи тоа многу добро, ако научи како тој го направил тоа.
Осум облици на моќ
Во процесот на истражувањето на биографијата на Наполеон, успеавме да идентификуваме осум начини на моќ, што би можеле да ги објаснат неговите подеми и падови:
Анализа на лидерството на Наполеон
Наполеон бил многу видлив и активен како лидер – никогаш не раководел тивко и зад завесата. Зависен од моќта, тој бил директен автократ. Претпоставувал дека неговиот пристап е единствениот, очекувајќи од другите да одат во чекор со доминантниот стил на управување и да ја следат неговата мисија за постреволуционерна Франција. Неговиот инспиративен и харизматичен пристап му овозможиле да привлече голем број верни следбеници, иако, поигрувајќи си со животите на луѓето, тој напуштил две огромни војски, по висока цена. Го следеле дури и оние војници што не зеле плата два месеци и имале недостиг од униформи.
Повеќе од деценија и пол, Наполеон доминирал со сите аспекти на Француската република како персонификација на нацијата, оставајќи ги во сенка министрите и големите луѓе од тоа време. Тој ја искористил воената кариера во периодот на младоста за да досегне до политичка моќ. Транспарентен и наивен, никогаш не успеал да ја сокрие својата амбиција. Дури и поголемиот дел од најверните следбеници биле свесни за неговиот стремеж кон лична слава.
Додека Наполеон ја консолидирал својата моќ, тој станал недостижен нарцис. Неговата немирна и амбициозна воена стратегија, за момент толку инспиративна, ја засенила грижата за луѓето кои се бореле и страдале. Речиси половина милион мажи премрзнале во римскиот снег, а 4 милиони од цела Европа загинале во битките и од последиците од војната. Сепак, ниту еден од овие фактори не придонел за неговиот евентуален пад. Наполеон не знаел да преговара на која било друга основа, освен на победата во војна – затоа европските сили немале друг избор, освен да го победат во војна.
Лекција за современите моќници
Предноста на лидерството на Наполеон вклучува брилијантност, харизма, бестрашност, авантуризам, самодоверба, енергија, решителност, страст... Визионер со извонредни вештини за планирање и за организација. Темната страна на сето тоа е постојаната потреба за пофалба, нарцизам, претерана контрола, автократија, манипулативност и суровост.
Компаниите и општеството имаат тенденција да создаваат и да развиваат моќници, кои не им прават услуга. Напротив, моќниците се претвораат во самозадоволни и корумпирани, но истовремено и непосредни соработници, кои на некој начин придонесуваат за компанијата, однсно општеството. Кога моќната елита се идеализира себеси како меритократ, верувајќи во внатрешната супериорност на своите членови, тие стануваат вкоренети и одбранбени, затворени за понатамошно учење и за разноликост. Се претвораат во спротивното од она што му е потребно на современиот свет. Сите гледаме како моќните елити се натпреваруваат меѓусебно. Заслугата може да биде добар пат кон промоција, но ретко таа може да се одвои од моќта. Раководителите на компаниите, кои се обидуваат сè да водат сами и немаат доверба во никого, стануваат изолирани и опседнати со контролата.
Следбениците на Наполеон се обидуваат да ја препишат историјата, уверувајќи се дека светот би бил подобро место ако тој се совпадне со мисијата што тие ја гледаат во нивните нарцисоидни фантазии. Ако им се дозволи да отидат предалеку, можноста за практичен компромис ќе биде уништена и компаниите ќе се претворат во монструозно немилосрдни и осиромашени.
Но, и покрај сето ова, прекрасно е да се види како тие, компаниите, одвреме-навреме, создаваат.