
Во Македонија одамна е јасно дека институциите тешко ја движат работата напред. Се носат стратегии, се потпишуваат документи, се ветуваат промени, но кога ќе дојде моментот тие да се претворат во реалност – ете, ѕид.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Македонија одамна е јасно дека институциите тешко ја движат работата напред. Се носат стратегии, се потпишуваат документи, се ветуваат промени, но кога ќе дојде моментот тие да се претворат во реалност – ете, ѕид. Тој ѕид не е само финансиски, не е само политички, туку е суштински човечки. Имаме сериозна криза со човечкиот фактор.
Пишува: Горан Теменугов, новинар
Да се обидеш да направиш каква било реформа денес, значи да се соочиш со огромен недостиг на квалитетни луѓе кои треба да ги изнесат промените на свои плеќи. На врвот на пирамидата, во Владата, може да се каже дека максимум една третина од министрите, заедно со премиерот, вложуваат напор да ги придвижат процесите. Но, преостанатите членови на Владата се сведени на администратори на својата функција – примаат плата, присуствуваат на состаноци, даваат изјави, но суштински не креираат никаква промена.
Многу често дел од министрите не се мешаат во својата работа. Како да се заталкани на позицијата.
Но, ова е само првиот слој на проблемот. Далеку поголем и поопасен е вториот, а тоа е човечкиот фактор на средно ниво на менаџмент во јавните институции. Тоа се шефовите на сектори, раководителите на одделенија, луѓето кои ја спроведуваат секоја политика во практика. Токму таму, во тие редови, кризата е најизразена. Средниот менаџмент е крајно девастиран: партизираноста одамна ги истисна способностите и компетенциите. На тие позиции најчесто не се наоѓаат луѓе кои знаат и можат, туку луѓе кои должат лојалност. А кога знаењето и искуството се заменети со партиска книшка, резултатот е – застој.
Оваа состојба создава парадокс: имаме министри кои можеби навистина сакаат да направат промени, но нивните политики се дават во калта на импровизација, некомпетентност и инертност на оние што треба да ги спроведат. Реформите не пропаѓаат поради недостиг на идеи или пари, туку поради недостиг на луѓе со капацитет да ги изведат.
Премиерот Христијан Мицкоски најавува реконструкција и промени по локалните избори. Но, колку е тоа реално возможно кога базенот од кој треба да се црпи квалитетен кадар е испразнет? Кога еднаш ќе се уништи системот на меритократија и напредувањето се темели на партиска припадност, тогаш секоја наредна реконструкција е само префрлање на фигури од една во друга фотелја. Без суштинско освежување со луѓе кои навистина знаат, секоја реконструкција останува козметика, а не реформа.
Замислете ги здравствената реформа, образованието, дигитализацијата, енергетската транзиција. Секоја од нив бара армија на средни менаџери и експерти кои ќе работат по јасен план, ќе носат одлуки, ќе координираат тимови. Наместо тоа, имаме директори кои чекаат инструкции од партиското седиште, раководители кои се плашат да преземат иницијатива, службеници кои го учат „занаетот“ преку импровизација.
Овој проблем е резултат на децениско уништување на системот на меритократија. Наместо да се наградуваат знаењето и резултатите, се наградуваше припадноста. Наместо да се развиваат луѓе кои ќе бидат носители на процесите, се градеше мрежа на клиентелизам. Денес ја плаќаме цената: државата е преполна со „раководители“ кои не умеат да раководат.
Затоа мора да се погледне вистината в очи: државата нема капацитет да изведе сериозни реформи ако продолжи да се потпира исклучиво на партиските кадри. Мора да се надминат партиските размислувања дека довербата може да им се даде само на сопствените членови. Напротив, луѓе мора да се бараат насекаде – во јавниот сектор, во приватниот, во академијата, па и меѓу дијаспората. Единствениот критериум треба да биде способноста, а не припадноста.
Кризата со човечкиот фактор не е апстрактна. Таа е најконкретната пречка за реформите во Македонија. Ако ја игнорираме, ќе продолжиме да тапкаме в место. Ако ја признаеме и почнеме да ја решаваме, тогаш ќе почнеме да градиме институции што навистина