InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
ДОО „Рамстор" Македонија, што почна да функционира на 11 јуни 2005 година, е синџир на интернационалните малопродажни супермаркети на „Мигрос Турк" ТАШ, најголемата кооперација во Турција.
„Мигрос" е создаден од страна на Готлиб Датвајлер во 1925 година во Швајцарија. За да може да ги исполни основните потреби на народот – евтина услуга и разновидни производи, почнува да користи 5 камиони Ford како продажен сервис. Причините за изборот на камион за продажно место за основните производи се намалување на трошоците (за кирија, електрична енергија, вода). Целта била на едноставен и евтин начин да ги опслужува потрошувачите, да го презентира новиот метод на продажба, како и да се доближи до што е можно повеќе луѓе.
Првиот маркет е отворен на 16 декември 1957 година во Рибниот пазар во населбата Бејоглу. Со просечна големина на бакалски дуќан од 114 м2, тој работел по системот на самопослужување.
Првиот супермаркет „Рамстор" во Македонија е отворен во центарот на Скопје на 11 јуни 2005 година со површина од 2.350 м2, што е во состав на шопинг-центарот „Рамстор", кој дневно брои повеќе од 20.000 посетители, од кои 5.000 од нив се посетители на супермаркетот. Иако „Рамстор" е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави (Турција, Казахстан, Азербејџан, Киргистан), тој работи преку стратегијата да соработува со локалните увозници, произведувачи и дистрибутери.
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5