InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Работењето на „Теско" на домашниот и на меѓународниот пазар
Уште еден слободен период
„Планет Ритеил" константно обезбедува ажурирани прегледи на најновите трендови и на развојот на целиот трговски сектор. Во оваа пригода ви го претставуваме ексклузивниот извештај за работењето на третиот трговски синџир во светот, во периодот од февруари до септември.
Овој наш извештај дава длабок преглед на работењето на „Теско", кој е трет по големина синџир во светот. Во оваа сеопфатна презентација, ги идентификувавме очекувањата за наредниот период, земајќи го предвид домашното и меѓународното работење. Нашиот единствен пристап е базиран на примарните истражувања, вклучувајќи и голем број на ексклузивни посети во продавниците.
| Очекувања |
На целата групација ѝ претстои уште еден солиден период на работење, но тешките услови полека доаѓаат до меѓународните нивоа.
•Се очекуваат знаци на стабилизација на домашниот пазар, благодарение на инвестицијата во малопродажните објекти.
•На меѓународно ниво предвидени се скромни влијанија на новото законодавство во Јужна Кореја, во врска со работното време на продавниците. Локалните власти сега се во можност да спроведат затворање на продавниците два дена месечно и да го ограничат времето на отворање на продавниците.
•Во Кина, „Теско" го губи замавот поради планираното затворање на четири непрофитабилни сајтови. Како резултат, очекуваме многу повнимателен пристап при избор на сајтови во другата половина.
•Во Индија, плановите за развој на форматот кеш & кери остануваат на чекање, бидејќи трговецот се фокусира на изградбата на синџирот хипермаркети „Стар Базар" во соработка со „Трент" – трговското оружје на компанијата „Тата Груп". Сепак, веруваме дека најавените измени во врска со правилата за директни странски инвестиции во Индија ќе ги разгорат инвестициите на „Теско", штом ќе се средат проблемите на домашен терен.
•Генерално, остануваме сигурни во способноста на „Теско" да продолжи со проектот во Обединетото Кралство, но се плашиме дека ќе го загуби замавот на некои меѓународни пазари. Во таа смисла, очекуваме дека Азија ќе стане многу позначаен регион за групацијата со продажба од 23 милијарди фунти (35,7 милијарди долари) до 2017 година.
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 2