InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Следејќи ја долгорочната визија на Бранко Роглиќ, сопственикот на групацијата „Орбико“, во рамките на проектот Orbico Adriatic Wines почна извозот на вино од Јадранскиот Регион, а на новата веб-страница компанијата претстави низа вина од овој регион
Следејќи ја долгорочната визија на Бранко Роглиќ, сопственикот на групацијата „Орбико“, во рамките на проектот Orbico Adriatic Wines почна извозот на вино од Јадранскиот Регион, а на новата веб-страница компанијата претстави низа вина од овој регион.
Квалитетните вина од Јадранскиот Регион, сместени во умерената климатска зона, се карактеризираат со свежи и модерни вина од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина. Од компанијата велат дека тие сакаат да ги доближат вината од регионот љубителите на вино од другите земји каде што работи „Орбико“.
На меѓународната листа на вина, сакаме да ги претставиме современите достигнувања на виното и специјалитетите на Јадранскиот Регион како фантастични дестинации за врвни гастрономски задоволства. Новата веб-страница претставува избор од 31 винарија и во понуда се повеќе од 350 различни вина. Новата страница ги нуди сите региони на вино, производителите на вина и нивните вина, новости за виното и туристичките дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот, рече Томаж Бакчиќ, раководителот на тимот наOrbico Adriatic Wines, за InStore.