
Тамошната влада одлучи и да го намали бројот на лица кои може да групираат и наместо 10 како што беше досега, сега ќе може да се собираат максимум шест лица
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Словенија од денеска воведува полициски час од 21 часот до 6 часот наутро.
Тамошната влада одлучи и да го намали бројот на лица кои може да групираат и наместо 10 како што беше досега, сега ќе може да се собираат максимум шест лица. За повеќе од шест лица ќе мора да има услови за да се почитува мерката за физичко растојание.Како што соопшти министерот за внатрешни работи на Словенија, Алеш Хојс, забранети се сите јавни настани, верски церемонии и свадби низ целата земја.
Од забраната за движење во текот на ноќта се изземени само случаи кога станува збор за опасност по живот, здравје и имот, за одење на работа и враќање дома од работа и за извршување на потребни работни задачи или нудење потребни услуги.
Од денеска на полноќ, со некои мали исклучоци, невозможно е движење надвор од матичните региони, а можноста за преминување на државната граница е законски одредена.
Ако имате недвижен имот или земјиште во странство каде што треба да направите нешто итно, тогаш преминувањето на границата е можно само за таа цел, рече Хојс.
Вчера во Словенија биле потврдени 537 нови инфекции со коронавирус со 2637 тестови, има скоро 300 пациенти во болниците и нивниот број се зголемува секој ден, а над 7.100 случаи се активни.