
„Сапониа“ оствари нето-добивка од 5,08 милиони евра во првите девет месеци, што е за 3,5 пати поголема отколку во истиот период минатата година, кога изнесуваше 1,45 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Сапониа“ оствари нето-добивка од 5,08 милиони евра во првите девет месеци, што е за 3,5 пати поголема отколку во истиот период минатата година, кога изнесуваше 1,45 милиони евра.
Првите три квартали од 2020 година беа обележани со стабилен пораст на оперативните приходи и посебен акцент на оптимизирање на оперативните трошоци, се вели во извештајот.
Оперативните приходи на компанијата изнесуваат 52,47 милиони евра, што е за два процента повеќе од минатата година. Поголемиот дел од приходите се приходи од продажба, од кои 43% се реализирани на странските пазар.
Оперативните трошоци се намалија за 5% на 47,16 милиони евра.
Од „Сапониа“ истакнаа дека во динамичното деловно опкружување, беше креирана стратегија за агилен бизнис со фокус на профитабилни процеси на продажба и поддршка на тие процеси со потребните ресурси. Сите други ефекти во синџирот на вредности се минимизираат со нивото на „ладен погон“.
Акцентот на профитабилна производна програма и можноста да се приспособат на новата ситуација резултираа со значителен пораст на профитот. Дел од портфолиото на компанијата покажува чувствителност на сезоната, а третиот квартал е особено важен за брендовите како што се Faks helizim, Ornel, Arf и Likvi, и во FMCG и во хорека-секторот, беше посочено во деловниот извештај.