
Компанијата „Дала Валентина“ од Верона, што годишно преработува 73.000 тони млеко, во изградба на фабрика за преработка на млеко и сирење во Јагодина, ќе инвестира 5 милиони евра, изјави сопственикот на компанијата Езио Валентина.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Дала Валентина" од Верона, што годишно преработува 73.000 тони млеко, во изградба на фабрика за преработка на млеко и сирење во Јагодина, ќе инвестира 5 милиони евра, изјави сопственикот на компанијата Езио Валентина.
Компанијата поседува фабрика што е една од најголемите фабрики за сирење во Италија, каде што дневно се произведуваат 2.600 килограми сирење, што на пазарот излегува по 16 месеци зреење. Одлуката за изградба на фабрика во Јагодина е донесена пред неколку месеци, а потврдена е при посетата на земјоделците во Србија, кон половината на мај.
Претседателот на Собранието на градот Јагодина, Драган Марковиќ Палма истакна: Ова не е единствениот инвеститор кој ќе гради фабрика во Јагодина, бидејќи досега се потпишани три договори за изградба, а „Дала Валентина" е четвртата.
Тој додава дека корист од изградбата на фабриката „Дала Валентина" освен жителите на Јагодина, ќе имаат и жителите од 15 општини.