
Лозата Korlat Barrique, премиум производ на „Бадел 1862“, половина година откако е лансиран на пазарот, а веќе го потврди квалитетот на натпреварите International Spirits Challenge во Велика Британија и Cropak 2013 во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Лозата Korlat Barrique, премиум производ на „Бадел 1862", половина година откако е лансиран на пазарот, а веќе го потврди квалитетот на натпреварите International Spirits Challenge во Велика Британија и Cropak 2013 во Хрватска.
International Spirits Challenge 2013 (ISC) е едно од најценетите оценувања поддржано од страна на водечките светски производители на алкохолни пијалаци и неофицијално стана меѓународен стандард за квалитет и изворност. На изборот на оценувањето влијаат дегустацијата, дизајнот и пакувањето, маркетингот и трговските награди. Оваа година беа пријавени повеќе од 1000 примероци од 70 земји во светот, со што се потврди глобалното значење на овој натпревар. Лозата Korlat Barrique на ова оценување освои бронзано признание.
На фестивалот на амбалажи Cropak 2013 доделени се награди за најдобрите амбалажи на хрватскиот пазар. На овогодишниот десетти по ред Cropak 2013 беа пријавени 23 производи и 29 серии во 9 категории. Лозата Korlat Barrique се истакна со своето врвно решение на амбалажата и освои престижна награда во категоријата Амбалажа на хрватски производ / серија. За „Бадел 1862" шишето е дизајнирано со традиционалното директно печатење на стакло, препознатливо за вината од Корлат. На шишто Korlat Barrique етикетата е печатена со чисто злато.