
Синџирот „Метро кеш & кери“ соопшти дека илјада мали независни продавници низ Србија работат под заедничкото име „Моја продавница“, во рамките на проектот за зачувување и унапредување на самостојниот трговски сектор.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Синџирот „Метро кеш & кери" соопшти дека илјада мали независни продавници низ Србија работат под заедничкото име „Моја продавница", во рамките на проектот за зачувување и унапредување на самостојниот трговски сектор.
„Моја продавница" е проект почнат од страна на големопродажниот синџир во Србија „Метро кеш & кери" и што опфаќа најголем број самостојни трговци во земјата, овозможувајќи им на малите независни продавници да работат под еден банер. Целта на проектот е подобрување на работењето и унапредување на квалитетот на услугата на малите продавници, во периодот на поголемо влијание на економската криза и сè посилната конкуренција од големите трговски синџири.
Од компанијата потсетуваат дека трговците вклучени во овој проект од нив добиваат бесплатна маркетинг-поддршка во поглед на брендирање, печатен материјал, советување и едукативни тренинзи, а истовремено ја задржуваат целосната независност во работењето.
Досегашните резултати од проектот покажаа дека прометот во тие продавници, по вклучувањето во „Моја породавница", значително е поголем, а купувачите добиваат подобра услуга, поквалитетен асортиман и поповолни цени, истакнуваат од компанијата.
| Бојана Симиќ, сопственичка на продавницата „Фам маркет 01" од Панчево вели дека од првиот ден по приклучувањето во проектот „Моја продавница" добила голема поддршка и помош, што било драгоцено, поради тоа што ги правела првите чекори во развојот на својот бизнис. Важно ми беше да не направам почетнички грешки во работењето и на вистинскиот начин да ги препознаам потребите на купувачите и на адекватен начин да го прилагодам асортиманот и цените, изјави Симиќ, додавајќи дека најмногу добиле нејзините купувачи. |