
Најголемиот полски интернет трговец „Алегро“ зачекори на берзата, додека благодарејќи на пазарната капитализација од речиси 20 милијарди евра стана една од најголемите европски компании за онлајн трговија
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемиот полски интернет трговец „Алегро“ зачекори на берзата, додека благодарејќи на пазарната капитализација од речиси 20 милијарди евра стана една од најголемите европски компании за онлајн трговија.
Акциите на „Алегро“ дебитираа со удел кој порасна за 62,8 отсто над цената 9,71 евро, по која беше објавена понудата. Во тек на тргувањето е забележан пораст од 16 евра за акција. Тоа предизвика интерес кај инвеститорите, како кај поединци, така и кај фондови. Особено затоа што податоците покажуваат дека allegro.pl е четврта најпопуларна интернет страница во ПОлска и дека пред неа се само „Гугл“, „Јутјуб„ и „Фејсбук“. „Алегро“ е и 14 најпопуларна платформа за трговија во светот.
Во последните 12 месеци, на платформата се направени 32 милиони купувања секој месец-63 отсто од популацијата во ПОлска над 16 години и 76 отсто од вкупната популација во земјата купуваат преку allegro.pl.