
И покрај охрабрувачките бројки, оваа специфична категорија и натаму е само 9 отсто од буџетот што Италијанците го трошат на храна и пијалаци
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продажбата на храна и пијалаци од органско производство во Италија достигна 3,3 милијарди евра, а прометот во оваа категорија е зголемен за 4,4 отсто.
Оваа бројка се однесува само на продажбата на органска храна во трговските синџири, а не на пазарите, во ХоРеКа каналот, во градинките и училиштата....Исто така, овие податоци не ја опфаќаат органски произведената храна за извоз. Позитивниот скок може да се препише на зголемениот интерес за здрава храна поради пандемијата, се наведува во извештајот на Институтот за услуги во земјоделско-прехранбениот сектор.
Извештајот открива дека големите трговци ја зголемија продажбата на органска храна за 5,7 отсто до јуни 2020 година, додека кај дисконтерите ова зголемување е дури 10,7 отсто.
И покрај охрабрувачките бројки, оваа специфична категорија и натаму е само 9 отсто од буџетот што Италијанците го трошат на храна и пијалаци.