.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемиот холандски малопродажен синџир „Алберт Хејн“ најави дека оваа есен значително ќе ја зголеми понудата на веганска и вегетаријанска храна, со цел да одговори на зголемениот интерес на купувачите за храна од растително потекло
Најголемиот холандски малопродажен синџир „Алберт Хејн“ најави дека оваа есен значително ќе ја зголеми понудата на веганска и вегетаријанска храна, со цел да одговори на зголемениот интерес на купувачите за храна од растително потекло.
Трговецот соопшти дека иако има најголема понуда на вегански и вегетаријански производи во Холандија, сака и дополнително да го прошири асортиманот-затоа, оваа есен ќе претстави 70 нови категории од приватна трговска марка. Новата линија вклучува растително сирење, вегетаријански намази, колбаси од зеленчук, вегански плескавици и растителна храна која претставува замена за млечни производи.
Целта ни е да понудиме уште подобра храна која ќе биде достапна за сите. Некогаш беше незамисливо чинијата да не содржи месо, но времињата се променија, велат од „Алберт Хејн“.