
И покрај практичноста, познатото пакување се издвојува како многу тешко за рециклирање
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот чипс „Pringles” мора да претрпи редизајн за да може да се рециклира.
“Pringles” чипсовите се пласирани на пазарот од страна на “Procter & Gamble” уште во 1967 година, а потоа во 2012 година брендот беше купен од „Келог'с„ за 2,7 милијарди долари, и сега се продава во повеќе од 140 земји во светот. Спакуван е во амбалажа налик на цевка која овозможува сите чипсови да бидат наредени еден врз друг, за да се спречи кршење.
И покрај практичноста, познатото пакување се издвојува како многу тешко за рециклирање. Во Велика Британија има доста брендови, чии пакувања се „тешки“ за рециклирање, меѓу кои се и „Cadbury" и „Babybel". Впрочем, само 34 отсто производи од наведените категории ги почитуваат актуелните „еко стандарди“. Исто така, 41 отсто немаат никакви ознаки кои би покажале дали можат да се рециклираат. Поради тоа, британските еко-организации ја повикаа Владата да го направи означувањето на тој тип на производи „едноставно, јасно и задолжително“.
Во меѓувреме, се огласи „Келог'с“ кој соопшти дека тие веќе тестираат нова амбалажа од рециклирана хартија, која е присутна во неколку продавници на „Теско“. Ако се покаже како успешна, од неа ќе се прави новото пакување на „Pringles”.