
Еден од двата најсилни руски малопродажни синџири, „Х5 Ритаил груп“ (вториот е „Магнит“) ќе отвори 3-4 продавници за да тестира дали може да работи во формат на хард-дисконт
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од двата најсилни руски малопродажни синџири, „Х5 Ритаил груп“ (вториот е „Магнит“) ќе отвори 3-4 продавници за да тестира дали може да работи во формат на хард-дисконт.
Веруваме дека ваков концепт има добри шанси за успех во моменталната глобална економска и политичка ситуација, кога приходите на потрошувачите опаѓаат, а цените остануваат еден од најважниот фактор кога се носи одлука за купување, соопштија од трговскиот синџир.
„Х5 Ритаил груп“ во Русија е најпозната по синџирот маркети „Пјатерочка“ кој во најголемата држава во светот има дури 4.789 продажни објекти. Од компанијата соопштија дека продолжуваат да ја развиваат онлајн трговијата, од која се очекуваат по околу 12.000 нарачки дневно. За достава на намирниците преку интернет, групацијата ангажираше пет големи логистички центри.
Називот на новите хард-дисконти уште не е познат.