
Купувањето ќе ѝ помогне на „Алибаба“ да го исполни ветувањето за испорака на стоки нарачани од клиенти преку нивната веб-страница во рок од 30 до 60 минути
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Алибаба“ го купи мнозинскиот пакет акции на „Сунарт“, кој работи со стотици супермаркети. На тој начин, „Алибаба“ се стекна со дополнителни 13 милиони квадратни метри канцелариски простор во многу градови низ целата земја.
„Сунарт“, компанија основана во 2000 година, влезе во стратешко партнерство со „Алибаба“ пред три години. Како дел од партнерството, „Сунарт“- синџирот супермаркети добро ги искористи ресурсите и технологијата што ги нуди кинескиот интернет гигант.
Купувањето ќе ѝ помогне на „Алибаба“ да го исполни ветувањето за испорака на стоки нарачани од клиенти преку нивната веб-страница во рок од 30 до 60 минути.