
Овој вид вентилација е типичен само за болниците и помага при филтрирањето на воздухот за да се спречи ширењето на Кoвид-19 и на другите заразни инфекции
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот трговски синџир „Лидл“ многу сериозно ја сфати пандемијата - најави дека планира да постави посебна вентилација во сите свои продавници во САД, за да го спречи ширењето на коронавирусот.
По соопштението од американскиот Центар за контрола на болести, во кое се наведува дека новиот вирус може да се шири преку воздух, „Лидл“ почна да инсталира посебни системи за филтрирање на воздухот. За почеток, такви системи ќе добијат продавниците во државата Вирџинија, а до крајот на годинава во план е вентилацијата да биде инсталирана во сите продавници на трговецот ширум САД.
Овој вид вентилација е типичен само за болниците и помага при филтрирањето на воздухот за да се спречи ширењето на Кoвид-19 и на другите заразни инфекции.