
Британско-холандскиот производител на стоки за широка потрошувачка – „Унилевер“, забележа пад на приходите од продажба во третиот квартал годинава...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Британско-холандскиот производител на стоки за широка потрошувачка – „Унилевер“, забележа пад на приходите од продажба во третиот квартал годинава.
Сепак, како што соопштуваат од компанијата, потрошувачите продолжиле во голема мера да купуваат производи за одржување на домот и на домаќинството.
Приходите во третиот квартал од 2020 година изнесуваа 12,9 милијарди евра, што претставува пад за 2,4 отсто на годишно ниво. Падот се припишува на флуктуацијата на валутата, што негативно влијаело врз резултатите.