InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Диа“ соопшти дека продолжува да го зголемува својот пазарен удел, достигнувајќи 5,2% во првиот квартал од годината, што претставува раст од 20 базични поени во споредба со истиот период во 2025 година. Во март уделот достигнал и 5,3%, според податоците на „Нилсен АјКју“.
Од компанијата наведуваат дека растот е резултат на проширувањето на мрежата со отворање на 22 нови супермаркети, како и на силниот бизнис модел, континуираното подобрување на асортиманот и фокусот на свежите производи како клучен дел од понудата.
Овој напредок е дел од стратегијата за периодот 2025–2029 година, според која „Диа“ планира отворање на 300 нови продавници до 2029 година, од кои 100 се предвидени уште оваа година, со цел дополнително зајакнување на присуството низ земјата.
Заклучно со март, мрежата на компанијата опфаќала 2.373 супермаркети.
Од компанијата посочуваат дека еден од главните фактори за раст на продажбата и закрепнувањето на пазарниот удел е вложувањето во балансиран асортиман кој им овозможува на потрошувачите избор помеѓу познати брендови и приватни марки со висок квалитет.
Во рамки на стратегијата насочена кон свежи и локални производи, „Диа“ соработува со повеќе од 1.100 добавувачи во Шпанија, а дури 96% од набавките ги насочува кон домашниот пазар.
Растот на е-трговијата исто така имал значајна улога, при што услугата за онлајн купување на компанијата веќе покрива 84% од населението во Шпанија, вклучително и повеќе од четири милиони луѓе во помалку населени региони.